Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Пеце Мирчески, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна. По пријавата во јавноста се појавија нови детали во врска со пријавата која е поднесена против него.
Имено, Мирчевски во 2022 година престојувал во Софија како новинар, за да известува од заедничката седница меѓу владите на Македонија и на Бугарија.
Поранешниот директор на СОЗР се потпишал на документ со кој самиот си се претставил како новинар, заедно со уште петмина во негова придружба, нарекувајќи ги новинари и уплатил од буџетски пари шест еднокреветни соби со полн пансион, наводно да го следат и да ја известуваат јавноста за настанот на 25 јануари 2022 година.