Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ бил нападнат и претепан од непознати напаѓачи пред неговата куќа во градот Прњавор, потврди во четвртокот самиот Мектиќ.
Нападот се случил во средата околу 21 часот и случајот е пријавен во полиција која трага по сторителите. Истражниот судија нападот го оквалификува како кривично дело телесна повреда.
Мектиќ за порталот Кликс изјави дека напаѓачите биле маскирани и го пресретнале пред влезот на зградата во која живее.
Тие веднаш го нападнале и почнале да го удираат со тупаници по главата, а кога паднал на земја продолжиле со ударите.
Носев чанта и мислев дека сакаат да ме ограбат, но ништо не зеле. По нападот побегнале“, рече тој
Тој смета дека мотив за нападот биле неговите постапки во периодот додека бил министер за безбедност и кога отворено предупредувал за криминалците и нивните активности.
Мектиќ е предвоен полицаец, студиите по криминологија ги завршил во Загреб, а бил министер за безбедност на Босна и Херцеговина во периодот од 2015 до 2019 година како кадар на Српската демократска партија (СДС) и бил остар критичар на Милорад Додик и на неговиот Сојуз на независни социјалдемократи, но и на Босна и Херцеговина не си ја вршат работата, поради што криминалот се шири во државата.
„Во БиХ нема владеење на правото. Оваа земја е скршена“, предупреди Мектиќ тогаш, обвинувајќи го Обвинителството на БиХ дека не ја врши својата работа.
Откако му заврши мандатот како министер за безбедност, тој беше претставник на СДС во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ и сега е во политичка пензија.