ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во северна Италија

од Илинка Илиоска
15 прегледи

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на градот Парма во северна Италија, јавија локалните медиуми, пренесува Anadolu. Се верува дека несреќата е предизвикана од грешка на пилотот поради густа магла или механички дефект.

Меѓу жртвите се двајца пилоти и Лоренцо Ровањати, шеф на италијанската компанија Ровањати, која произведува различни сувомеснати производи.

Италијанската управа за цивилно воздухопловство започна истрага, а државното обвинителство во Парма нареди испитување на црната кутија на хеликоптерот.

Слични содржини