Се знае од каде дојдоа дојавите за бомби во училиштата во Хрватска? Го спомнаа Алах во заканувачките мејлови

од Илинка Илиоска
14 прегледи

Неколку училишта низ Хрватска утринава добија пријави за бомби. Полицијата и пиротехничарите, заедно со кучиња, од утрото ги пребаруваат училиштата, додека во повеќето училишта на учениците им е дозволено да си одат дома.

Како што објави 24сата, мејловите се испратени до 100 средни училишта, сите од иста адреса, а серверот е во Африка.

Пораката содржела исламистички елементи

Директорот на Машинскиот факултет Фран Бошњаковиќ за медиумите изјави дека во мејлот што го добил има одредени исламистички закани.

Слични содржини