(ВИДЕО) Едно лице е рането во уште една престрелка во Брисел

од Илинка Илиоска
16 прегледи

Едно лице е рането во друга престрелка синоќа во близина на метро станицата Клемансо во општината Андерлехт во Брисел, а престрелките се поврзани со спорови меѓу нарко бандите, соопшти Јавното обвинителство на Брисел.

Обвинителот изјавил дека напаѓачот користел пиштол, а повредениот, кој се здобил со прострелна рана во ногата, бил пренесен во болница, објави „Брисел тајмс“.

Обвинителството веднаш излегло на местото на настанот.

Слични содржини