Продажбата на електрични автомобили во Германија значително се зголеми минатиот месец. Во јануари се регистрирани вкупно 34.498 нови електрични автомобили, што е зголемување од 53,5 отсто во однос на истиот месец лани и историски рекорд за јануари.
Федералната управа за моторен транспорт (KBA) објави дека пазарниот удел на електричните автомобили бил 16,6 отсто. Се менува ли интересот на германската публика или се работи за нешто друго?
Сè уште се очекува зголемување на продажбата на електрични автомобили, а причината е одложувањето на новите регистрации и испораки во декември. Имено, тоа е тактички потег бидејќи ќе им даде подобра позиција на производителите на автомобили во новата 2025 година.
Европската унија воведе многу построги правила во врска со емисиите на CO2 (дизел, бензин и хибриди), па затоа стана профитабилно за производителите на автомобили да ги префрлат испораките на нови автомобили до 2025 година.
Исто така, производителите на автомобили ќе се обидат да ги намамат купувачите со пониски цени за електричните автомобили.
Во меѓувреме, Tesla доживува огромен пад на германскиот пазар. Продажбата е намалена за 60 проценти на само 1.277 возила. Се проценува дека коренот на овој неуспех треба да се бара во политичките ставови на косопственикот и извршен директор на Tesla, Илон Маск, кој јавно ја поддржува германската десничарска партија AfD…