Пезешкијан: Иран не развива нуклеарно оружје

од Milan1
10 прегледи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во понеделникот изјави дека неговата земја не развива нуклеарно оружје, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е потребен „проверен“ нуклеарен договор со Техеран.

„Ние не развиваме нуклеарно оружје. Ова е лесно да се провери. Тие доаѓаа и проверуваа секогаш кога сакаа, а можат да дојдат и да проверат уште сто пати“, рече Пезешкијан на состанокот со странски дипломати во Техеран, пренесе „Ал Џезира“.

Трамп во средата повика на „потврден нуклеарен мировен договор“ со Иран, додавајќи дека Техеран не смее да поседува нуклеарно оружје.

Американскиот претседател ден претходно ја обнови својата политика на „максимален притисок“ врз Иран поради обвинувањата дека земјата развива нуклеарно оружје.

Иран го критикуваше враќањето на таквата политика, велејќи дека нејзиното спроведување ќе заврши со „неуспех“, пренесува „Танјуг“.

За време на неговиот претходен мандат во 2018 година, Трамп ги повлече Соединетите држави од нуклеарниот договор на Техеран од 2015 година со светските сили и повторно воведе санкции кои ја осакатуваа економијата на земјата, што го натера Иран да ги прекрши одредбите од договорот, објави „Ројтерс“.

Слични содржини