Крадци украле 100 илјади органски јајца, во вредност од 38 илјади евра евра

од Milan1
27 прегледи

Државната полиција на Пенсилванија денеска соопшти дека сè уште трага по крадци кои украле околу 100.000 органски јајца од магацин во текот на викендот, во вредност од повеќе од 40.000 долари (38.396 евра) во малопродажба.

Службеничката во полицијата на Пенсилванија, Меган Фрејзер, која го истражува случајот, изјавила за „Ројтерс“ дека во последните 12 години не наишла на кражба на јајца.

„Единственото нешто блиску до ова се случи пред 10 години, кога некој украде приколка полна со пилиња. Ова е тешко кривично дело, со оглед на вредноста на она што е украдено“, рекла Фрејзер за кражбата на јајцата што се случила во саботата во Гринкасл, југозападно од Харисбург, главниот град на државата Пенсилванија.

Цените на јајцата во САД пораснаа за повеќе од 50 отсто од минатата година, според извештајот за индексот на потрошувачките цени кој кон крајот на минатата недела го објави американското Биро за статистика на трудот.

Слични содржини