(ВИДЕО) Потрага по исчезнат авион на Алјаска, во него биле 10 лица

од Илинка Илиоска
27 прегледи

Патнички авион од компанијата „Bering Air“, со девет патници и еден пилот, исчезна од радарите додека летал од Јуналаклит кон Номе, Алјаска. Министерството за јавна безбедност на оваа американска држава потврди дека во тек е потрага по леталото.

Според податоците од „FlightRadar24“, авионот „Cessna Caravan“ летал над водите 38 минути по полетувањето во 14:38 часот по локално време, иако рутата обично трае помалку од еден час.

Алјаска, со својата планинска топографија и непредвидливи временски услови, има најголем број авионски несреќи во САД, покажува извештајот на Националниот институт за безбедност (NIOSH). Малите авиони често се користат за превоз поради ограничената патна инфраструктура во оваа област.

Компанијата „Bering Air“ управува со околу 39 авиони и хеликоптери во регионот. Потрагата по исчезнатиот лет продолжува.

Слични содржини