Бојкот во Хрватска и БиХ: Граѓаните протестираат против високите цени

од Илинка Илиоска
9 прегледи

Во Хрватска, на повик на платформата „Halo Inspectorе“, во петокот се одржа еднодневен бојкот на купувањето производи и услуги како протест против зголемените цени. Истовремено, владата донесе одлука за контрола на цените на 70 производи, со што ја прошири претходната листа од 30 артикли со ограничени цени.

Од сабота започнува и неделен бојкот на малопродажниот синџир „Konzum“, кој беше избран преку анкета на платформата. Во гласањето учествуваа над 144.000 граѓани, а 31,7% го поддржаа бојкотот на „Konzum“. Претходно, еднонеделен бојкот беше насочен кон „Lidl“, „Eurospin“, „dm“ и одредени брендови на газирани пијалаци, флаширана вода и детергенти.

Слични иницијативи се активни и во Босна и Херцеговина, каде што граѓанската група „Бојкотирам БиХ“ повика на нов дводневен бојкот на пазарењето во супермаркетите како реакција на континуираниот раст на цените. Иако владите на Федерацијата БиХ и Република Српска најавија мерки за контрола на цените, вклучувајќи замрзнување на 50 основни производи и засилени инспекции, граѓаните остануваат скептични.

Претходниот обид за бојкот во БиХ, спроведен на крајот на јануари, не беше доволно ефикасен според податоците на даночните управи, но граѓанскиот притисок врз властите и трговските синџири продолжува.

Слични содржини