Докторите ги откриле „тивките“ симптоми на проблемите од кои можеби страда Џастин Бибер, веројатно се поврзани со Диди

од Milan1
62 прегледи

Фановите на Џастин Бибер изразија загриженост за неговото здравје оваа недела откако пејачот беше фотографиран со мрачен израз, уморен поглед, вдлабнати очи и „замислен“ поглед. Се поставуваат прашањата, дали тоа се должи на стресот или се работи за посериозен здравствен проблем?

Армијата на следбеници на Бибер се обединија во шпекулациите и за можната состојба на пејачот ги наведоа предизвиците на татковството или гласините за брачни проблеми, како причина за неговата физичка исцрпеност. Неколку медицински експерти, пак проговорија за можните причини за неговиот променет изглед и дали зад сето тоа се крие некој посериозен здравствен проблем.

Д-р Гаурав Бхарти, пластичен хирург за „Дејли Мејл“ изјави дека најзабележливите промени на лицето на Бибер се повлекување на косата, губење на волуменот на лицето, развој на брчки и темни кругови под очите.

„Овие промени може да се припишат на повеќе фактори, вклучувајќи природно стареење, стрес, исхрана, слабеење и навики за нега на кожата. Долготрајниот лош сон и несоодветното закрепнување, исто така, може да ги забрзаат знаците на стареење, правејќи некој да изгледа уморно и исцрпено“, вели д-р Барти.

Џонатан Алперт, психотерапевт од Њујорк пак, за за „Дејли Мејл“ изјави дека Бибер долго време бил под „огромна јавна контрола“, што може да биде влошено од притисоците на родителството. Експертите нагласија дека тие лично не го прегледале ниту лекувале Бибер.

Бибер, кој сега има 30 години, се прослави на само 15 години, а неодамна го доби синот Џек со сопругата Хејли.

Дали скандалот Пи Диди го погоди Бибер?

Психијатарот и автор Керол Либерман верува дека неговиот влошен изглед можеби е поврзан со медиумската лудило околу Пи Диди“, поранешен соработник на Бибер, кој беше уапсен во септември поради повеќекратни обвиненија за силување и напад, што тој ги негира.

Оваа состојба е форма на парализа на лицето предизвикана од реактивирање на вирусот варичела, кој ги зафатил фацијалните нерви во близина на едното уво.

Вирусот може повторно да се активира поради стареење, други болести или тежок стрес. Експертите истакнуваат дека стресот е еден од главните предизвикувачи на овој синдром бидејќи може да го ослаби имунолошкиот систем, со што човекот станува поподложен на инфекции.

Дали гласините за брачни проблеми дополнително ја влошија ситуацијата?

Терапевтот Шари Ботвин верува дека неодамнешните стресови, вклучувајќи го доаѓањето на бебето, гласините за брачни проблеми и апсењето на Диди Комбс, можеби ја влошиле хроничната болест на Бибер, а со тоа и неговиот изглед.

На Бибер веќе му беше дијагностицирана состојба која влијае на нервите на лицето, предизвикувајќи парализа на едната страна од неговото лице.

Бибер во неколку наврати алудирал на траумите што ги доживеал како дете. Иако јавно не проговорил што точно се случило, можно е срамот, болката и загубата што ги доживеал да доведат до негово забрзано стареење и промени во изгледот.

„Недоволно обработената траума и стресот често може да предизвикаат разни здравствени проблеми“, нагласи Ботвин.

Притисокот на славата и нејзините ефекти

Алперт додава дека кариерата во центарот на вниманието конечно го зема својот данок и го споредува случајот на Бибер со начинот на кој американските претседатели видливо стареат за време на нивните мандати.

„Ненадејните промени во изгледот, особено знаците на стареење, често се резултат на комбинација на стрес, животни навики и здравствени фактори. Познатите личности, слично како и претседателите, живеат под огромен притисок на јавноста, кој може да биде емоционално исцрпувачки и да има сериозни физички последици. На крајот на краиштата, значајните промени во изгледот обично се резултат на повеќе фактори – стресот, квалитетот на спиењето, исхраната и емоционалното здравје, сите играат улога“, објаснува Алперт.

Бибер се оградува од минатото?

Бибер се бореше со славата низ годините и тешко се справуваше со интензитетот на вниманието што доаѓа со животот во центарот на вниманието. Неодамна ги збуни следбениците, кога отследи голем број познати личности, вклучувајќи го неговиот ментор Ашер, поранешниот менаџер Скутер Браун и Рајан Гуд, кој му беше кум на неговата свадба.

Овие потези ги поттикнаа шпекулациите дека тој се обидува да се оградува од луѓето од неговото минато додека се фокусира на новата музика.

Слични содржини