На 08.02.2025, во 08:00 часот, на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода 49-годишниот Т.В., државјанин на Германија, при обид за влез во државата.
Според информациите од МВР, при детална контрола на возилото „Опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени: Бела прашкаста материја – сомнителна на наркотична супстанца, дробилка и шише со течност, пет ножеви и метална палка, 10 боци солзавец и електрошок, Две радио-врски и други предмети
Полицијата има основи за сомнение дека предметите потекнуваат од кривично дело, а осомничениот веднаш бил предаден на СВР Куманово за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против Т.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Останува да се утврди неговата намера и дали предметите биле наменети за кривични активности во земјата.