Рама итно се врати во Тирана по апсењето на градоначалникот на градот

од Milan1
62 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги откажа сите средби во Скадар и итно се врати во Тирана, откако градоначалникот Ерион Велиај беше уапсен за перење пари, прикривање имот и активна корупција.

Рама требаше да одржи состаноци со претставници на Социјалистичката партија и партиските структури во Скадар, но како итна мерка се врати во Тирана, пишува „Euronews“ на албански јазик.

Во меѓувреме, за попладнево е закажан состанок на пратеничката група на СП во албанскиот Парламент, но наводно се уште не се знае дали Рама ќе присуствува на состанокот, пренесува „Танјуг“.

Велијај претходно денеска беше уапсен по наредба на Специјалното обвинителство (СПАК), а Специјалниот суд за борба против корупција и организиран криминал (ЃККО) и одреди домашен притвор на неговата сопруга Ајоли Џоџи и нареди претрес на станот во кој беше утврдено дека го користи.

Слични содржини