Повредени се тројца полицајци, тешка сообраќајна несреќа кај Струга

од Milan1
131 прегледи

Четири лица, од кои тројца се полицајци, се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва се случи на магистралниот пат Охрид-Струга, кај селото Мислешево, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според него, несреќата се случила во 17 часот и 33 минути, кога се судриле автомобил „Форд“ со скопски таблички, сопственост на МВР и „Опел“ со струшка регистрација, сопственост на М.А.(52) од Струга.

– Во несреќата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга, се здобил возачот на „Опелот“. Патниците во полициското возило, Д.П.(29) и Д.К.(28), двајцата од Скопје и Д.Ј.(31) од Куманово, се префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош. За карактерот на нивните повреди ќе следува дополнителна информација, изјави Димоски.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Слични содржини