(ВИДЕО) Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ тврди дека е претепан, во плач вели дека му ја скршиле раката

од Milan1
235 прегледи

Српскиот политичар Чедомир  Јовановиќ вечерва на „Инстаграм“ објави видео на кое се гледа дека раката му е во гипс, а тој цело време плаче и објаснува што се случило, објави порталот Блиц.рс.

Јовановиќ тврди дека е претепан, но не открива кој го сторил тоа. На снимката објаснува дека и покрај повредата тој е добро, пред да ги спомене своите деца.

– Сè е во ред. Само ми ја скршивте раката, колку малку во споредба со сè што сум подготвен да дадам. За моите Михајло, Ана, Зока и Анѓа“, вели тој низ солзи.

Во коментарите, корисниците на „Инстаграм“ му пишуваат различни прашања на политичарот, прашувајќи што всушност се случило, но тој не одговара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Budi Kraken (@budikraken)

Слични содржини