Јовановиќ: Србија во замена за Косово ги добива Македонија и Црна Гора (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Српскиот политичар и председател на српската Либерално демократската партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ во интервју за црногорски медиум вели дека на Србија во замена за Косово ѝ „се ветуваат и ќе ги добие Македонија, Црна Гора и Република Српска“.

-Ќе го решиме проблемот со Македонија така што нема да постои и тоа се случува веќе три години. Го нема повеќе Заев бидејќи е измамен. Измамен е од ЕУ. Тие му рекоа договори се со Ципрас, реши ги прашањата меѓу Македонија и Грција конечно и тоа тој го направи, изјавил Јовановиќ во интервјуто.

@udarne_price

Jovanović: Srbija treba da ostane bez Kosova.

♬ original sound – UDARNE PRIČE

Тој се осврнал и на бугарските барања кон Македонија за членство во ЕУ.

-Од Софија имаат најнов услов – бараат и бугарскиот јазик да биде изедначен со албанскиот и македонскиот јазик, бараат Македонија да биде држава на бугарскиот народ. Значи бараат нешто што Македонците не можат никако да им го дадат, рекол Јовановиќ.

Слични содржини