Вилата на Одри Хепберн на продажба: Проценета на над 20 милиони долари

од Aneta Risteska
21 прегледи

Швајцарска вила од 18-ти век, која некогаш ѝ припаѓала на легендарната холивудска глумица Одри Хепберн, е ставена на пазар. Цената на имотот, наречен La Paisible („Мирно место“), е проценета на 20,8 милиони долари.

Звездата на филмовите како што се „Појадок кај Тифани“, „Римски одмор“, „Шарада“ и „Мојата убава дама“ живееше во оваа вила од 1963 година до нејзината смрт во 1993 година.

Според „Њујорк пост“, само едно семејство живеело во куќата со површина од 10.764 квадратни метри, која се наоѓа на 30 милји од Женева, откако синовите на Хепберн ја продале во 2001 година. Откако холивудската дива ги помина последните 30 години од својот живот овде, Катарина и Жан-Марк Бужолин ги одгледале своите шест деца во вилата. Сега, кога децата си заминаа по своите патишта, имотот стана преголем за нив двајца.

Иако имотот, кој вклучува куќа со 12 спални соби и осум бањи, од тогаш е темелно реновиран, легендарните бели рози на Хепберн, подарок од Живанши, сè уште цветаат во градината.

Слични содржини