Уште една жртва на македонските патишта, прегазен пешак

од Milan1
75 прегледи

66-годишен жител на кичевско, пешак, вчера бил смртно прегазен од возач на негова возраст, соопшти МВР.

„На 11.02.2025 во 23:15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за с.Колибари, патничко возило „Рено Меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешакот И.А.(66) од с.Колибари. Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, информираат од МВР.

Слични содржини