15
Се проценува дека 765.000 луѓе ширум светот умреле од 1993 до 2022 година поради екстремни временски настани предизвикани од климатската криза, се вели во извештајот за „Индексот на климатскиот ризик 2025“ објавен денеска од организацијата за заштита на животната средина и човекови права „Germanwatch“.
Во извештајот се наведува дека во тој период ширум светот се регистрирани повеќе од 9.400 екстремни временски настани кои предизвикале директна штета од речиси 4,2 трилиони долари, пренесува агенцијата „Анса“.
Како што се наведува во извештајот, најпогодени од екстремни временски услови се Доминика, Кина, Хондурас и Мјанмар, пренесува „Танјуг“.
Италија е на петтото место на листата на најранливи земји, според „Анса“.