Израелскиот министер за одбрана: Доколку Хамас не ги ослободи заложниците, следи жесток одговор

од Milan1
25 прегледи

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска се закани со враќање на воените дејствија доколку палестинското исламистичко движење Хамас до сабота не ги ослободи заложниците киднапирани во Израел и задржани во Појасот Газа.

-Ако Хамас не ги ослободи израелските заложници до сабота, вратите на пеколот ќе се отворат, како што вети американскиот претседател (Доналд Трамп)“, изјави Кац по состанокот со военото раководство.

Тој додаде дека продолжувањето на воените операции во Појасот Газа ќе биде со поинаков интензитет од претходните и дека ќе овозможи примена на планот на Трамп.

Кац алудираше на планот на американскиот претседател за ставање на Појасот Газа под контрола на САД и преселување на палестинското население во Египет и Јордан.

Кревкиот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас е во сила од 19 јануари, додека палестинска група соопшти дека нема да попушти пред заканите на Израел и САД.

Слични содржини