Автомобил влета во луѓе на протестот во Минхен, има многу повредени

од Aneta Risteska
18 прегледи

Неколку лица се повредени откако автомобил влетал во група луѓе во Минхен, соопшти германската полицијата.

Најмалку 20 лица се повредени, потврди службата за брза помош, меѓу кои и некои потешко. Точниот број не е познат бидејќи некои од повредените отишле во околните згради за да се заштитат, објасни Герхард Пешке, портпарол на минхенските пожарникари.

Новинарката на баварскиот јавен сервис БР Сандра Демелхубер на мрежата Х напиша дека автомобил влетал во толпата на протестниот митинг на најголемиот германски синдикат Верди.

Овој четврток вработените во градските претпријатија излегоа на протести, барајќи зголемување на платите за осум отсто, повисоки бонуси и дополнителни три слободни дена.
„Едно лице лежи на улица, а младиот човек е приведен од полицијата. Луѓето седат на земја, плачат и се тресат. „Деталите се сè уште нејасни“, вели новинарот.
Полицијата потврди дека возачот е приведен и дека веќе нема никаква опасност за толпата.
Очевидец за БР изјавил дека автомобилот намерно влетал во толпата. Очевидци велат дека внатре имало двајца мажи. Во едниот полицијата пукала и го привела.

„Се движев со демонстрантите. Кога автомобилот удри во толпата, видов човек како лежи под него. Се обидов да ја отворам вратата, но таа беше заклучена. Потоа дојде полицијата и пукаше низ прозорецот на автомобилот“, изјави друг очевидец.

Во Баварската престолнина во петок почнува Конференција за безбедност а во четврток ќе пристигне американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во тек е голема полициска операција во близина на главната железничка станица, а полицијата се обидува да утврди што се случило, рече портпаролот, не откривајќи повеќе детали.

Фото: платформа Х

Слични содржини