36
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека формирањето на палестинската држава не може повеќе да се одложува.
„Воспоставувањето суверена и територијално целосна палестинска држава врз основа на границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град, не може повеќе да се одложува. Ниту другите земји во регионот нема да можат да постигнат стабилност додека Палестинците во Појасот Газа не најдат мир“, рече Реџеп Таип Ердоган.
Тој додаде дека вкупната штета предизвикана од израелските напади, кои траеја 15 месеци, е близу 100 милијарди долари.