52
Во Медицински центар Струмица вчера со тешки телесни повреди бил донесен Б.Д.(63) од Кратово, градежен работник, соопшти МВР.
„Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 15:30 часот при извршување градежни работи на објект на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица“, велат од полицијата.
Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и трудов инспектор.