Маја Вулф беше призната актерка, која глумеше во некои од најпопуларните серии на BBC и ITV.
Познатата актерка Маја Волф почина на 72-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.
Смртта на ѕвездата ја потврдија нејзините најблиски на социјалните мрежи.
„Со тага објавуваме дека почина Маја Вулф која во првата сезона на серијата ‘Збогум, драга’ го толкуваше ликот Ули. Маја имаше клучна улога во една од епизодите на оваа култна хумористична драма“, пишуваат тие.
Маја се прослави како рецепционерка во хит-серијата „Доктор Ху“. Глумеше и во втората сезона на „Детективи“ и публиката се’ уште ја памети по улогата на секретарка.
Обожавателите се огласија со трогателни пораки, истакнувајќи ги нејзините улоги и цитирајќи незаборавни реплики. Некои од коментарите беа изрази на тага и сочувство, додека други споделија лични анегдоти за тоа како дури и малите улоги како онаа што ја играше Маја можат да имаат големо влијание врз публиката.
Со тага ја објавуваме смртта на Маја Волф, упатуваме најдлабоко сочувство до семејството и пријателите во овој тежок момент.