(ВИДЕО) Нудат награда од 60.000 евра за изгубена овца

од Milan1
23 прегледи

Засолниште за животни во Западен Кејп, Јужна Африка, нуди награда за информации за нивната овца, по име Бенкси, која последен пат била видена на 1 февруари. Животното го добило името по познатиот британски уметник Бенкси, а позната е по своите слики кои носат значителен приход во засолништето.

Едно од делата на овцата Бенкси е продадено за 35.000 јужноафрикански ранди или околу 1.800 евра.

„Тоа неделно утро нè посети семејство од Британија кое сакаше да инвестира во уметност. Меѓутоа, никаде не можевме да ја најдеме Бенкси. Мислевме дека се крие, малку подоцна ја алармиравме полицијата“, соопштија од прифатилиштето.

Тие истакнуваат дека се очајни да дознаат каква било информација и нудат награда од 1,2 милиони јужноафрикански ранди околу 60.000 евра.

„Не знаеме дали се работи за кражба или пак некоја злонамерна шега. Не најдовме траги од упад“, велат тие.

Додаваат дека наградата е голема, бидејќи загубата на Бенкси е како загуба на член од семејството.

Сопствениците на засолништето веруваат дека Бенкси научила да слика гледајќи го Пигкас, свиња тешка 700 килограми од Јужна Африка, чии слики се продадени за милиони јужноафрикански ранди низ светот.

„Бенкси е единствената овца во светот која може да слика“, велат тие.

Локалната полиција истражува и за кражба на добиток, по исчезнувањето на талентираната овца, но засега нема вести.

Слични содржини