Дописничката на Би-Би-Си: Погледнете ја внимателно оваа фотографија, тоа е она што го сака Москва

од Milan1
153 прегледи

Дописничката на Би-Би-Си од Источна Европа, Сара Рејнсфорд, напиша многу кратка анализа на сцените што ги видовме на „преговорите“ во Ријад, која вреди да се сподели, пренесува Н1 телевизија. Нејзиниот наслов е – „Токму ова е сликата што Русија ја сака“.

– Глетката на високи руски и американски функционери кои седат околу огромна дрвена маса во сегашниот глобален контекст ќе биде многу тешка за многумина, особено за Украинците.

Но, тоа е токму сликата што ја сака Москва: Русија на чело на масата за глобална дипломатија, навидум рамноправна со САД, па дури и во позиција да носи одлуки.

Ова не е поразена Русија, принудена на преговори: ова изгледа, пред сè, како Америка да го поканила агресорот да ги претстави своите барања. Еден од овие руски функционери, Сергеј Лавров, е дури и под санкции на САД поради војната во Украина.

Американските власти ќе ги уверат сите дека ова е начин да се види колку Русите се сериозни за ставање крај на инвазијата. Но, Русија ќе го посочи овој момент, овие преговори околу масата во Саудиска Арабија, како доказ дека нивната изолација поради војната во Украина беше само привремена и дека работите се враќаат како што беа.

За преговорите во Ријад зборуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој моментално е во Анкара. Се разбира, тој не беше воодушевен од исходот на ситуацијата.

„Тие зборуваат за Украина, но без Украина“, Едноставно не можеме да дозволиме грешки. Не смееме да дозволиме да се водат преговори зад наш грб“, изјави Зеленски.