Германија е под удар на многу студеното време, но земјата нема да има проблеми со снабдувањето со гас до крајот на зимата, објави во вторник здружението на оператори за складирање гас „INES“.
„Ќе го пребродиме преостанатиот дел од зимата со постоечките резерви“, рече директорот на „INES“ Себастијан Хајнерман на прашањето на агенцијата dpa.
Корисниците значително ги испразнија своите простори за складирање во последните недели, во некои денови и до еден процент дневно. Во понеделник наутро магацините беа полни 42 отсто.
Законскиот минимум за 1 февруари е 30 отсто.
Објектите за складирање на гас првенствено служат за ублажување на скоковите на потрошувачката. Тие се користат речиси исклучиво од дистрибутери на големо на гас.
Празнењето складиште во зима е сосема нормално. Покрај тоа, дури и за време на студената сезона, гасот пристигнува до резервоарите преку цевководи и крајбрежни терминали за прием на течен природен гас.
Магацините на 4 ноември беа полни 98 отсто и оттогаш континуирано се празнат. Кога приливот повторно ќе биде поголем од одливот зависи пред се од пазарната цена.
Минатата година магацините беа најпразни на 1-ви април, со 63 отсто исполнетост.
Имено, сега продажната цена за посредниците е значително поповолна од куповната, па на операторите им е поисплатливо да ги испразнуваат магацините и подоцна да ги надополнуваат.