31
Од околу 17 часот попладнево, без струја е нов дел од Тетово, на потегот од Домот на АРМ кон пазарот и касарната, како и населбата Мала станица. Претходно од 9 до 14 часот имаше прекини во централното градско подрачје.
„Поради дефект на 20-киловолтен кабел на извод на трафостаницата „Тетово 1” околу 3.800 корисници се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на санација на дефектот“, информираат од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.
Претходниот дефект на трафостаницата „Тетово 1” денеска остави без струја околу 5.000 жители на градот.