Украинската воена разузнавачка служба: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

од Milan1
71 прегледи

Русија им наложи на своите пропагандисти да прогласат „победа“ во војната „против Украина и НАТО“ на 24 февруари, на третата годишнина од нејзината целосна инвазија, тврди Украинската воена разузнавачка служба (ХУР), а пренесува „Киев Индипендент“.

Според разузнавачката служба, целта на Русија е да сее хаос меѓу Украинците, да се дестабилизира ситуацијата во земјата и да се дискредитира Украина меѓу своите сојузници. Тие, исто така, тврдат дека руските разузнавачки служби планираат да шират наратив дека „Украина е изневерена“ од Западот и САД.

„Руската пропаганда, исто така, ќе продолжи да го доведува во прашање легитимитетот на претседателот Володимир Зеленски и корумпираните украински функционери кои ја крадат американската помош“, посочува службата.

ХУР наведува дека Кремљ може да ги искористи неодамнешните разговори меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија за да ги наметне своите мировни услови на светот, обидувајќи се да ги прикаже владите во Европа кои го поддржуваат Киев како „непријатели на мирот“.

По средбата меѓу американската и руската делегација не беа донесени конкретни одлуки, но исклучувањето на Украина предизвика узбуна во Киев и Европа.

Повторувајќи ги предупредувањата на ХУР, Службата за безбедност на Украина (СБУ) укажа на се поголемиот број случаи на руски информативни и психолошки операции насочени против Украина. Користејќи бот фарми и лажни сметки на социјалните мрежи, руските разузнавачки служби се обидуваат да го поделат украинското општество и да поттикнат нарушување на јавниот ред, соопшти СБУ.

Слични содржини