Избори во Германија: Шолц не успеа, Зелените стабилни и крајната Левица во замав

од Milan1
25 прегледи

Десницата победи на овие избори, но не треба да го игнорираме фактот дека повеќе од 40 отсто од германските граѓани сепак гласаа за левичарски политички опции. СПД на Шолц навистина не успеа, а Зелените добија само нешто помала поддршка отколку во 2021 година, но со исклучок на растот на екстремно десничарската АФД, екстремно левичарската партија излезе како најголем победник на изборите.

Иако Христијанско-демократската унија (ЦДУ-ЦСУ) освои најмногу гласови на овие избори со 28,5 отсто од гласовите, и покрај фактот што втора најпопуларна опција со речиси 21 отсто поддршка е екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), левичарските политички опции во Германија, со вкупно нешто повеќе од 40 отсто од гласовите, изгубија само неколку проценти од германската поддршка односно два. Интерсно е тоа што левичарите на овие избори го изнедрија најголемиот губитник, (исклучувајќи го потопот на либералите), но и најголемото изненадување.

СПД целосно пропадна.

Германските гласачи на овие избори најмногу ја казнија СПД на Олаф Шолц, канцеларот во заминување чија семафорска коалиција се распадна на крајот на минатата година. Девет отсто пад на поддршката за СПД во споредба со 2021 година и нејзиниот најлош резултат досега со само 16,41 отсто од освоените гласови најдобро илустрира колку гласачите се незадоволни од владеењето на Шолц.

Германците се соочуваат со голем срам: Изборите може да бидат поништени
Анкетите на инфратест димап, спроведени за АРД, покажуваат каде е проблемот на социјалдемократите. СПД го преполови својот рејтинг меѓу гласачите во многу од опфатените области. Споредено со 2021 година, кога 31 отсто од граѓаните сметале дека СПД ја има потребната надлежност да води надворешна политика, сега така мислат само 16 отсто. Во делот на економијата, нивниот рејтинг падна од 25 на 12 отсто, а СПД исто така заработи полоша перцепција во областа на нејзините основни надлежности, социјалната правда.

Повторниот кандидат Шолц е голема грешка

Но, најлошиот резултат на СПД досега е секако нивниот кандидат за канцелар Шолц. Поради падот на поддршката за неговата влада, во партијата се водеше долга дебата за тоа дали воопшто е добра идеја тој повторно да биде нивни кандидат за канцелар. Многумина во СПД сакаа наместо тоа, министерот за одбрана во заминување Борис Писториус да влезе во изборната трка. Изборот на крајот падна на Шолц и како што стојат работите тоа се покажа како голема грешка.

Се разбира, не може да се каже колку подобро СПД ќе поминеше на изборите доколку настапеше со Писториус. Но, досега се покажа дека кандидатите за канцелари играат главна улога во изборната одлука, а Шолц лошо се претстави и на анкетите. Додека во пресрет на изборите во 2021 година, дури 66 отсто од Германците веруваа дека тој е способен да стане канцелар, сега тоа го мислеа само 30 отсто од нив.

И одговорите на граѓаните на прашањето кој би бил добар канцелар покажуваат дека Шолц не влеал многу надеж. Но, она што е посебно за овие избори е што ниту еден од кандидатите за канцелар не предизвика голем ентузијазам. Но, додека 34 отсто од граѓаните го гледаа Мерц како способен канцелар во иднина, Шолц ја доби довербата од само 25 отсто, речиси колку и кандидатот на Зелените и министер за економија во заминување Роберт Хабек.

Ова е, исто така, само малку повеќе од тоа колку граѓаните и веруваат на кандидатката на АфД, Алис Вајдел. Од друга страна, Писториус со месеци е на листата на најпопуларните политичари во Германија, со поддршка од 46 отсто од граѓаните.

Зелените најмалку погодени, но ја губат поддршката од помладите гласачи

За Зелените, заштитата на климата останува најважното прашање и тие се единствената од трите партии во неуспешната семафорска коалиција (СПД, Зелени, ФДП) која не е толку казнета на овие избори. Додека СПД изгуби поддршка за девет процентни поени, а либералите од ФДП не успеаја дури и да го преминат прагот од пет проценти за да влезат во Бундестаг (во 2021 година тие беа четврта опција со 11,4 проценти од гласовите), зелените освоија 11,6 проценти, што е само три процентни поени помалку отколку во 2021 година. Овој резултата  е и покрај тоа што имаше многу критики за нивните политики и тоа што беа во центарот на негативните кампањи на опозициските партии.

Се покажа дека Зелените, и покрај падот на поддршката, особено кај помладите гласачи, сепак имаат развиено постабилно гласачко тело во текот на годините од другите партии. Ова главно се должи на прашањата за заштита на животната средина и климата, кои беа споредни во односот на другите партии на овие избори.

Кога станува збор за оваа тема, Зелените и понатаму имаат најпозитивна перцепција кај германските граѓани, дури и кај оние кои не се нивни поддржувачи. Во надворешната и економската политика, за кои беа одговорни во претходната власт, дури добија и нешто подобри оценки од порано.

Акција-реакција: Замавот на крајната десница ја буди крајната левица
На овие избори, покрај економијата, главна тема беше миграциската политика. Серијата убиства извршени од баратели на азил дополнително го подгреа огнот и ја заостри реториката околу мигрантското прашање. Пресвртна точка за време на кампањата беше одбележана со убиството на двегодишно дете и 41-годишен маж во Ашафенбург. Мерц, во име на ЦДУ, веднаш се одлучи на потег што донесе стотици илјади Германци на улица, го прифати мнозинството на предлогот за необврзувачки закон за заострување на миграциската политика во Бундестагот со помош на АфД.

Потегот на Мерц секако и даде поттик на екстремно левичарската партија Левица, која многумина веќе ја отпишаа до тој момент откако многу членови ја напуштија и се приклучија на новооснованиот политички табор на нивната поранешна членка Сахра Вагенкнехт. Нејзината партија го искористи општото поместување надесно и успеа да се позиционира како главен противтежа на десната страна.

Додека Алијансата на Сахра Вагенкнехт (БСВ) не успеа и „плива“ под прагот за влез во Бундестаг, левата партија успеа да постигне скоро четири проценти подобар резултат на овие избори отколку во 2021 година, со 8,77 проценти од гласовите, без неа и нејзините приврзаници.

Нова ѕвезда на германската левица – Хајди Рајчиннек

Најмалку 36 отсто од Германците сметаат дека е позитивно што партијата се залага за хумана миграциска политика. А дури 95 отсто од нејзините гласачи ја гледаат како добра алтернатива на СПД и Зелените.

Додека екстремно десничарската партија АФД ја имаше убедливо најдобрата дигитална кампања на последните избори и на тој начин успеа да допре до младите луѓе, на овие избори Левица се префрли во голема брзина на социјалните мрежи, трошејќи три пати повеќе на дигитални канали отколку во 2021 година. Ова се покажа како исклучително успешно.

Партијата на овие избори освои најмногу гласови кај младите до 25 години (25 отсто), надминувајќи ја АфД, која претходно беше најпопуларна опција во таа возрасна група (21 отсто од гласовите на младите), а 37-годишната политичарка Хајди Рајчиннек успеа да се претвори во нова ѕвезда на германската левица на социјалните мрежи за само еден месец.

БСВ не успеа и покрај големите очекувања

И додека сега се верува дека левицата има јасно мерливи надлежности во многу области на политиката, истото не може да се каже за оние кои пребегнаа од нив, собрани околу Вагенкнехт. БСВ постигна сензационален успех на покраинските избори минатата есен, влегувајќи во две влади. И сега, со поддршка од 4,97 отсто од гласачите, се чини дека за малку ќе пропушти да влезе во Бундестагот.

Додека околу 16 отсто од Германците велат дека Левицата ги има најдобрите решенија за прашањата на социјалната правда, само пет отсто од нив го мислат истото за БСВ. Проблемот со БСВ, многумина веруваат, е фактот што тие не го претставија доволно јасно својот идентитет или она што го претставуваат. Така, 49 отсто од Германците велат дека очекувале повеќе нови идеи од оваа партија.

Слични содржини