Oбвинителство: Заврши истрагата за злоупотребите на Онкологија

од Milan1
44 прегледи

Заврши истрагата за Онкологија, за измама во службата и злоупотреби, со биолошката терапија, соопштија од Јавното обвинителство.

– Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка во предметот за злоупотреби на Клиниката за онкологија. Постапката е во фаза во која течат роковите предвидени во Законот за кривична постапка, по што јавноста ќе биде известена во однос на јавнообвинителската одлука и доказниот материјал, велат од ОЈО Скопје, кое пред речиси една година отвори истрага против двајцата поранешни директори, медицинскиот Нино Васев и економскиот директор, Нехат Нухи како и против уште тројца доктори онколози, осомничени за помагање.

Медициснките досиеја се вештачеа во Србија и Словенија, а еден од аспектите на истрагата беше набавка на лекови на реверс и спротивно на закон, а имаше и сомнеж за недоследности и во дозирањето на терапијата.

Слични содржини