Индиец стана светски шампион откако запаметил серија од 80 броеви за 13,5 секунди

од Milan1
5 прегледи

Индискиот студент Вишваа Рајакумар (20) го освои Светското првенство во меморија со прецизно повторување на секвенци од карти, бројки, имиња, слики и зборови.

Според официјалната веб-страница на Светското првенство во мемориската лига, Рајакумар успеал да запамети низа од 80 случајни цифри за само 13,5 секунди и успеал да се потсети на 30 слики за само 8,53 секунди.

Студентот на Технолошкиот институт „Манакула Винајагар“ се натпреваруваше против 16 натпреварувачи од врвот на светската ранг листа на Мемори лигата на првенството што се одржа онлајн.

-Хидрацијата е важна затоа што му помага на мозокот. Ако не пиете многу вода, брзината ќе ви биде помала. Ако пиете многу вода, сè ќе биде појасно и ќе читате побрзо, изјави Рајакумар за „New York Times“.

Кога го прашале за начинот на кој се сеќава на секвенците, ученикот објаснил дека ги визуелизира во форма на „палата на меморијата“. Започнува со неговата соба, потоа кујната, ходникот, терасата и бањата.

Зборувајќи за своите планови, Рајакумар рече дека сака да стане тренер за меморија и да создаде институција во Индија која ќе биде посветена на учење на луѓето на овие техники.

Светското првенство во меморија се одржа од 5 јануари до 2 февруари. Секој натпревар во натпреварувањето имаше пет кола, а играчот кој освоил најмногу кола станал светски шампион.

Слични содржини