Антонио Кошта: Макрон ги информираше лидерите на ЕУ за средбата со Трамп

од Aneta Risteska
22 прегледи

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска ги информираше лидерите на ЕУ за неговата средба со американскиот претседател, Доналд Трамп, во Вашингтон, објави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Кошта го опиша разговорот што лидерите на ЕУ го одржаа во форма на видео конференција како многу корисен за подготовка за вонредниот состанок на Европскиот совет следната недела, на кој, како што најави, ќе се донесат одлуки за поддршка на Украина и зајакнување на европската одбрана.

„Продолжувајќи да работиме на тесна европска координација, денеска претседателот Емануел Макрон ги информираше лидерите на ЕУ за неговиот состанок со Доналд Трамп претходно оваа недела во Вашингтон. Многу корисен за подготовката на нашиот специјален Европски совет на 6 март, каде што ќе донесеме одлуки за нашата поддршка за Украина и зајакнување на европската одбрана“, рече Кошта на социјалната мрежа Х, пренесува Танјуг.

Кошта ја свика видеоконференцијата на членовите на Европскиот совет по неодамнешната посета на Макрон на Вашингтон, каде што разговараше со Трамп за можниот крај на војната во Украина.

Слични содржини