Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина американската иницијатива за зголемување на пристапот до електрична енергија во Африка, која беше во функција повеќе од една деценија.
Речиси сите програми на Power Africa ќе бидат прекинати и повеќето вработени ќе бидат отпуштени, пишува Bloomberg News, повикувајќи се на анонимни информирани извори.
Секоја програма е подложена на ревизија со цел нејзино преструктуирање за да им служи на интересите на Соединетите Држави, рече портпаролката на Стејт департментот.
Според неа, проектите кои им служат на американските интереси ќе продолжат, а програмите кои не го исполнуваат тој критериум ќе бидат прекинати.
Иницијативата Power Africa, наводно, била покрената во 2013 година од страна на тогашниот американски претседател Барак Обама, со цел да се донесе електрична енергија до десетици милиони домаќинства во Африка, пишува Ројтерс.
„Power Africa“ работеше во рамките на американската организација УСАИД, која е цел на Одделот за владина ефикасност (DOGE) на Илон Маск поради наводно прекумерно трошење, додава британската агенција, пренесува Танјуг.