Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

од Milan1
37 прегледи

Володимир Зеленскиј рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со САД ќе доведе до нови договори, но потврди дека сè уште не се постигнати безбедносни гаранции.

Договорот го окарактеризира само како „рамковен договор“.

Рубио: Блиску сме до договор за метали со Украина, Зеленски ова…

Зеленски спомена заеднички фонд во кој ќе се инвестираат 50 отсто од приходите од природните ресурси на Украина, но додаде дека „премногу е рано да се зборува за пари“.

„Сакав договорот да има реченица за безбедносните гаранции за Украина и важно ми е тоа да е таму“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател ги коментираше и претходните барања на Доналд Трамп Украина да врати воена помош од милијарди долари, велејќи: „Нема да вратиме ниту 10 центи“.

На прашањето на Би-Би-Си дали Украина ќе се откаже од договорот доколку не добие безбедносни гаранции, Зеленски одговори: „Сакам да најдам пат во НАТО или нешто слично. Ако не добиеме гаранции, нема да имаме прекин на огнот, ништо нема да успее, ништо“.

Слични содржини