Во согласност со новата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за медиумското известување, Белата куќа денеска одби да им дозволи на новинарите од „Ројтерс“, „АП“ и некои други медиуми да присуствуваат на првиот состанок на кабинетот на Трамп.
Според Ројтерс, Белата куќа не им дозволила пристап на фотограф од американската новинска агенција „АП“, тројца новинари од „Ројтерс“, „Хаф Пост“ и германскиот дневен весник Тагесшпигел. На телевизиските екипи на ABC и „Newsmax“, како и на дописниците од „Axios“, „Blaze“, „Bloomberg News“ и „NPR“ им беше дозволено да известуваат за настанот.
Белата куќа во вторникот објави дека ќе одлучи кои медиуми ќе го покриваат претседателот на помали места, како што е Овалната собаво Белата куќа, иако Асоцијацијата на дописници од Белата куќа традиционално ја координира ротацијата на новинарите на претседателските прес-конференции.