77
Унгарија наскоро ќе го измени својот устав за да стави акцент на заштитата на децата, соопшти вчера тамошната Влада.
Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гуљаш изјави дека Уставот ќе биде изменет за да се наведе дека правото на детето на физички, ментален и морален развој „има приоритет над сите други права, освен правото на живот“.
На прашањето дали тоа всушност значи забрана на „Парадата на гордоста“, која треба да се одржи на 28 јуни, Гуљаш рече дека треба да се разјасни судирот меѓу правото на собирање и правото на децата на здрав развој.
На прес-конференција по владината седница било соопштено дека ЛГБТ парада нема да има, како што беше традиција во последните децении.