Орбан: Силните луѓе создаваат мир, слабите војна

од Milan1
20 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги пофали мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Вашингтон, велејќи дека силните луѓе прават мир, додека слабите водат војна.

„Силните луѓе создаваат мир, слабите луѓе прават војна. Денес, претседателот Доналд Трамп храбро се залагаше за мир. Дури и ако за многумина беше тешко да се свари. Ви благодариме, господине претседателе“, објави Орбан на платформата „X“.

Посетата на Зеленски на Белата куќа беше прекината откако тој влезе во жестока расправа со Трамп и американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, кои го обвинија за „непочитување“ за време на состанокот во Овалната соба.

После тоа, украинскиот лидер ја напушти Белата куќа без коментар, а Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека Зеленски не е подготвен за мирно решавање на украинскиот конфликт и дека покажал непочитување кон САД.

Американскиот лидер исто така истакна дека Зеленски би можел да се врати кога ќе биде подготвен за мир, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини