Британски пратеник: Трамп можеби е руски агент

од Milan1
103 прегледи

Британскиот конзервативен пратеник Греам Стјуарт сугерираше дека Доналд Трамп би можел да биде руски агент!

Греам Стјуарт го напиша ова неколку часа откако американскиот претседател ја суспендираше сета воена помош за Украина и неколку дена по неговото срамно однесување кон украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба на Белата куќа.

„Мораме да ја разгледаме можноста претседателот Трамп да е руски агент. Ако е така, привлекувањето на Трамп е круна на кариерата на Путин во ФСБ а Европа е оставена сама на себе“, напиша Стјуарт на социјалната мрежа „Х“.

Стјуарт исто така беше министер во владите на Обединетото Кралство во два наврати.

Слични содржини