42
Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека Украина ќе продолжи со дипломатската работа со САД преку сите достапни канали и инсистира дека неговата земја останува подготвена да потпише договор за минерали со САД.
Тој додаде дека Киев ќе стори сé за да ја одржи соработката со САД на претходното ниво, велејќи дека американската воена помош е критична и помага да се спасат илјадници животи, пишува „Скај њуз“.