Рубио: Стејт департментот ги прогласи Хутите за странска терористичка организација

од Milan1
12 прегледи

Стејт департментот денеска го прогласи владејачкото шиитско движење во северен Јемен, Ансар Алах (Хути) за странска терористичка организација, соопшти американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио рече дека со ова е исполнето едно од првите ветувања на американскиот претседател Доналд Трамп по преземањето на функцијата, соопшти Стејт департментот.

Тој потсети дека Трамп во извршната наредба рекол дека „активностите на Хутите ја загрозуваат безбедноста на американските цивили и персонал на Блискиот Исток“, безбедноста на американските „најблиски регионални партнери и стабилноста на глобалната поморска трговија“.

Слични содржини