23
Британскиот премиер Кир Стармер денеска пред британскиот Парламент изјави дека е неопходно да се обезбеди траен мир во Украина и дека затоа се потребни безбедносни гаранции за Киев за да се избегнат нови конфликти со Русија.
Стармер нагласи дека мора да се осигура дека САД, Велика Британија, Европа и Украина соработуваат и дека не треба да има поларизација меѓу САД и Европа кога станува збор за решавање на украинскиот конфликт.
Тој рече дека низ историјата Европа и САД никогаш не се спротивставувале и дека така ќе биде и сега, објави „Гардијан“.