28
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков денеска изјави дека зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон содржат нуклеарна реторика и тврдења за нуклеарно лидерство.
„Ова е веќе таква нуклеарна реторика, такво тврдење за нуклеарно лидерство во Европа, што е многу, многу конфронтирачко“, рече Песков пред новинарите, коментирајќи го повикот на Макрон за дискусија за употребата на француското нуклеарно оружје за одбрана на целата ЕУ.
Тој додаде дека изјавата на францускиот претседател дека Русија стана непријател на Франција содржи многу невистини.