32
Битолскиот хирург М.С (64) призна дека примил поткуп од пациентка и доби условна казна на судењето во Основен суд Битола. На одлуката на битолскиот суд реагирале од ОЈО Битола од каде што поднеле жалба.
На 28 јануари годинава хирургот беше пријавен во полиција од семејство од битолско, дека за операција на жолчно ќесе врз повозрасна пациентка побарал 150 евра за наводно да се „почести“.
Додека хирургот бил во притвор поднел барање за заминување во пензија, по што барањето му било прифатено и од 26 февруари М.С. е формално во пензија.