Швајцарската полиција пронашла украдени кучиња за кои се барал откуп од милион евра

од Milan1
32 прегледи

Швајцарската полиција денеска соопшти дека уапсила осомничени за киднапирање на две кучиња од расата болонка, кои од сопственикот барале откуп од еден милион швајцарски франци.

Полицијата во Цирих минатата недела соопшти дека две кучиња болонка биле украдени од домот на 59-годишен маж во Шлирен во близина на Цирих додека бил отсутен и дека крадците на кучиња му оставиле писмо во кое барале пари во замена за кучињата, пренесе „АП“.

Наместо да го плати откупот, сопственикот на кучето, чиј идентитет не е објавен, во согласност со швајцарските правила за приватност, повикал полиција.

За време на истрагата, полицијата во четвртокот на аеродромот во Цирих уапси 30-годишен Норвежанец, осомничен дека е вмешан во кражбата на кучиња.

По натамошни наводи и со помош на меѓуевропска соработка, полицијата во Полска потоа уапсила осомничен маж (38), а кај него ги пронашла украдените кучиња болонка, кои потоа му биле вратени на сопственикот.

Швајцарската полиција соопшти дека еден Норвежанец е во притвор во Швајцарија и дека властите во Полска продолжуваат да го истражуваат осомничениот Полјак.

Болонката е раса на мало куче кое се одгледува во Русија, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини