(ВИДЕО) Уапсен новинарот Немања Шаровиќ во Белград

од Milan1
175 прегледи

Полицијата го уапси Немања Шаровиќ, водител на КТВ, кој денеска известуваше од студентскиот камп, објави „Нова.рс“.

Полицаецот побарал од него да го напушти Пионер паркот, „поради опасност да дојде до големо нарушување на мирот и редот“.

Полицајците потоа го извлекле новинарот, ставајќи го во полициско возило, откако тој одбил да ја напушти локацијата.

Шаровиќ претходно изјави дека верува дека не го прекршил законот и дека се однесувал пристојно, а дека бил во паркот за да ги праша студентите кои протестираат таму кои се нивните барања и зошто сакаат академската година да продолжи.

Срѓан Миливојевиќ: Зошто некој е спречен да ја врши новинарската професија?

Пратеникот Срѓан Миливојевиќ рече дека како пратеник ќе оди во полициската станица во Мајке Јевросиме за да провери зошто Немања Шаровиќ е приведен.

„Очигледно тука има новинари од прва и втора класа. Има режимски, пропаганди, таблоидни пропагандисти, има вработени во партиски изданија и партиски билтени, има такви што служат на пропагандата на Вучиќ, има објективни, независни, непристрасни медиуми. И јас сум едноставно зачуден што малиот исплашен глушец Александар Вучиќ покажува таков страв од новинарската екипа на телевизијата КТВ“, изјави тој за КТВ.

Тој рече дека, според она што го видел, Шаровиќ на ниту еден начин не го нарушил јавниот ред и мир.

Слични содржини