Протече планот на Украина за преговорите: „Тактиката е променета“

од Milan1
139 прегледи

Украина ќе се обиде да ги убеди САД да продолжат со обезбедување воена и разузнавачка поддршка за време на преговорите во Џеда, Саудиска Арабија.

Официјални лица запознаени со подготовките за состанокот изјавија за „Фајненшл тајмс“ (ФТ) дека Киев е подготвен да предложи делумен прекин на огнот со Русија, кој ќе ги опфати нападите со беспилотни летала, ракетите со долг дострел и борбените операции во Црното Море.

Украински функционер рече дека Киев ќе даде приоритет на подобрување на врските со САД на краток рок. „Тактиките се сменија. Сега најважно е да се нормализираат односите со САД. Планот претходно беше прво да се добијат безбедносни гаранции, а потоа да се изврши притисок за прекин на огнот. Очигледно е дека тоа нема да се случи по тој редослед“, тврди политичкиот аналитичар од Киев, Володимир Фесенко.

„Нашата цел е да им покажеме на САД дека сме подготвени да дејствуваме што е можно побрзо и да започнеме директни преговори со Русија“, додава аналитичарот Фесенко.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека очекува „прилично добри резултати од Саудиска Арабија“ и додаде дека „сака Украина да посака мир“, бидејќи „тоа не го покажала тоа до степенот што треба“. Кога го прашаа за иднината на Украина, Трамп сензационално им рече на новинарите дека „можеби и нема да опстане“.

Да потсетиме, изворите објавија дека за време на преговорите Трамп ќе побара од Украина, покрај договорот за ретките минерали, да распише нови избори и дека очекува претседателот Володимир Зеленски да биде подготвен да отстапи некои делови од територијата на Русија.

Слични содржини