Украинскиот генерал Сирски: Нема опасност руските сили да ги опколат украинските војници во Курск

од Milan1
257 прегледи

Украинските сили кои се борат во руската област Курск не се во опасност да бидат опколени, објави на социјалните мрежи Врховниот командат на Украинската армија Олександар Сирски.

Руските сили започнаа контраофанзива заедно со севернокорејските војници во обид да ги опколат украинските војници во Курскиот регион во Русија.

Сирски тврди дека ситуацијата е под контрола.