ТАГА ДО НЕБО: Познатиот пејач ненадејно почина на 43 години

од VIktor_P
4,2K прегледи

К-поп ѕвездата Ви-Сунг (43) е пронајден мртов во својот дом.

Телото на пејачот било пронајдено неколку часа по неговата смрт, соопштија официјални лица.

Полицијата во Сеул, која ја истражува неговата смрт, соопшти дека пејачот бил пронајден во состојба на срцев удар и дека не се сомневаат во насилна смрт.

Јужнокорејската ѕвезда, чие вистинско име е Чои Ви-сунг, ја започна својата кариера во 2002 година и стана многу познат во својата татковина.

Популарноста ја стекна со баладите, а во родната земја, Јужна Кореја, го популаризираше жанрот R’n’B музика.

Неговиот уникатен глас и стил му овозможија да добие пофалби од ветераните корејски пејачи како Шин Сеунг-Хун и Сео Тае-џи и да настапува низ целиот свет, вклучително и Холивуд.

Пејачот подоцна стана ментор и вокален тренер на други ѕвезди на К-поп, работејќи со водечки уметници во изминатата деценија.