Тетовец, подметнал пожар кај православните гробишта во Катланово

од Milan1
44 прегледи

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода И.Џ. (49) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело “пустошење на шуми”.

-Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ., информира МВР.

Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.